Лицата со кои раководиме се нашите најважни ресурси. Никогаш претходно во историјата концептот на тимска работа немал поголема важност во работењето. Не само за успешно функционирање туку и за опстојување на организациите. Нашето општество со соочува со стресови, организациите се соочуваат со тешки предизвици и времиња. Уште на почетокот на нашиот живот нашите мајки ни ја даваат првата лекција за оспособувањето, ополномоштувањето и за сакањето на другите. Па дали во моментов требаше да ни се случи Вирус за да не натера да се потсетиме, да ја повториме или ако не сме ја научиле наведената лекцијата да ја научиме. Како што е општо познато дека стапот има два краја, или за кавга се потребни двајца. Така и за иднината на една компанија потребен е добар менаџер но потребен е исто така и добар работник. Работникот и менаџерот потребно е да воспостават заеднички цели. Точно е дека секој работник иде на работа на своето работно место за да си ги исполни своите работни задачи. Но тие работни задачи треба да водат кон одредени заеднички цели: задоволен клиент, навременост, точност, напредок во работата, поголем приход, постигнување нови вештини итн. На пример ако станува збор за продажба на облека на продавачот треба да му биде предизвик да продаде што повеќе облека т.е да стекне вештини на продажба за да привлече што повеќе купувачи. Или на готвачот во ресторан да ги унапредува своите готвачки вештини за да подготвува вкусна храна која ќе привлече редовни гости.
Љубовта кон работата и посветеноста е клуч кој ја отвара вратата на успехот а тоа е корисникот на нашата услуга или производ да биде задоволен кој секогаш го има крајниот збор. Затоа тешко е за сите. Да собереме сили и да ги издржиме овие времиња невремиња со мисла дека се ќе заврши добро.