Сметководствено биро "ПРАВЕКО" поради проширување на својот тим, вработува еден сметководител.
Потребни квалификации и компетенции:
- Високо образование од областа на економските науки
- Минимум 3 години работно искуство како сметководител
- Одлично познавање на MS Office и познавање на англиски јазик ќе се зема како предност
- Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
- Познавање на работа со сметководствени програми
- Висока работна етика, организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Нето плата: По Договор...
Улога во тимот
- Kнижење на финансиската и материјална документација
- Учество во изготвување / изготвување и поднесување на завршни годишни сметки
- Пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок
- Пресметка на плати
- Плаќање на налози
- Изготвување на фактури
- Управување со готовинските текови
- Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни закони и прописи
- Уредно водење на документацијата во согласност сметководствените стандарди
- Комуникација со сите релевантни државни институции
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија со назнака: “СМЕТКОВОДИТЕЛ” на нашата е-маил адреса: praveko2010@yahoo.com или Вашето CV поднесете го во нашата канцеларија која се наоѓа на ул.Солунска бр.2 Veles.