Кои сме ние?

Правеко – сметководство со корени, раст со доверба.

„Правеко“ е семејна сметководствена фирма со повеќе од 20 години искуство. Ги градиме нашите односи врз доверба, точност и професионален пристап.

Фирмата е овластена за извршување на книговодствени услуги.

Нашата приказна

„Правеко“ е семејна сметководствена фирма изградена врз доверба, точност и вистинска грижа за клиентите. Нашата приказна започнува пред години, со генерација која сметководството го гледаше не само како професија, туку како занает, одговорност и начин да им се помогне на бизнисите да растат стабилно и сигурно.

Основите на „Правеко“ ги постави една мајка која со посветеност, прецизност и љубов кон бројките создаде темел врз кој денес продолжуваме да градиме. За нас, бројките не се само податоци – тие се приказни за труд, визија и одлуки што го обликуваат секој бизнис.

Денес, „Правеко“ е втора генерација која ја продолжува оваа приказна, спојувајќи ја традицијата со современите сметководствени практики, модерни системи и актуелни стандарди. Работиме чесно, прецизно и одговорно, со јасна цел – нашите клиенти да имаат сигурност, јасна слика за своето работење и поддршка во секоја фаза од развојот.

Ние веруваме дека долгорочниот успех се гради врз партнерски однос и доверба. Затоа, на секој клиент му пристапуваме индивидуално, нудејќи јасни совети, навремени информации и решенија прилагодени на неговиот бизнис.

Што не прави "Правеко" различни?

Фамилијарни вредности → Професионални резултати

Секој клиент го третираме како дел од нашето семејство. Тоа значи дека ја чуваме неговата фирма како наша.

Наследна традиција → Долгорочна доверба

Клиентите остануваат со нас со години затоа што знаат дека „Правеко“ е стабилен партнер, не само услуга.

Современ пристап → Јасни совети за раст

Комбинираме искуство, модерни системи и сметководствени стандарди за да им дадеме на претприемачите мир, ред и сигурност во секој финансиски чекор.

Одговорност → Сигурност во секоја бројка

Кај нас нема „па грешки сме луѓе“. Кај нас има систем, проверка, професионалност и целосна посветеност.

Наши резултати

Бројките зад нашата работа се доказ за довербата што клиентите ни ја даваат со години.

20+

Години искуство

120+

Компании кои ни веруваат

3000+

Годишни долкументи

99%

Навремено исполнети обврски

Нашиот тим

Нашиот тим е составен од професионалци со искуство и заедничка цел – квалитетна и сигурна услуга за нашите клиенти.

Катерина Минова

Основач и управител, овластен сметководител

Повеќе од 20 години искуство во сметководство, финансиски извештаи и даночно работење.

Билјана Тодоровска

Сметководител

Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.

Емилија Мулер

Сметководител

Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.

Катерина Антова

Сметководител

Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.

Симона Ванчевска

Сметководител

Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.

Нашиот тим постојано се едуцира и ги следи законските промени.

Нашата мисија, визија и цели

Овие принципи го дефинираат начинот на кој работиме и вредноста што им ја носиме на нашите клиенти.

„Нашата мисија е да обезбедиме точни, навремени и сигурни финансиски услуги за бизнисите и поединците, помагајќи им да се движат низ сложените финансиски пејсажи и да ги постигнат своите цели со доверба“

„Нашата визија е да бидеме препознаени како водечки снабдувач на иновативни финансиски решенија насочени кон клиентите, поставувајќи ги стандардите за извонредност во индустријата и поттикнувајќи одржлив раст за нашите клиенти и нашата фирма“

-Обезбедување точни и навремени услуги за финансиско известување на клиентите.
-Одржување усогласеност со сметководствените стандарди и прописи.
-Развивање и задржување на тим од квалификувани и познавања професионалци.
-Проширување на базата на клиенти и зголемување на приходите преку задоволство на клиентите и упатувања.
-Прифаќање на технолошкиот напредок за подобрување на ефикасноста и ефективноста во испораката на услуги.
-Придонес за заедницата преку волонтерство, менторство или добротворни иницијативи.

Правеко-removebg-preview