„Правеко“ е семејна сметководствена фирма изградена врз доверба, точност и вистинска грижа за клиентите. Нашата приказна започнува пред години, со генерација која сметководството го гледаше не само како професија, туку како занает, одговорност и начин да им се помогне на бизнисите да растат стабилно и сигурно.
Основите на „Правеко“ ги постави една мајка која со посветеност, прецизност и љубов кон бројките создаде темел врз кој денес продолжуваме да градиме. За нас, бројките не се само податоци – тие се приказни за труд, визија и одлуки што го обликуваат секој бизнис.
Денес, „Правеко“ е втора генерација која ја продолжува оваа приказна, спојувајќи ја традицијата со современите сметководствени практики, модерни системи и актуелни стандарди. Работиме чесно, прецизно и одговорно, со јасна цел – нашите клиенти да имаат сигурност, јасна слика за своето работење и поддршка во секоја фаза од развојот.
Ние веруваме дека долгорочниот успех се гради врз партнерски однос и доверба. Затоа, на секој клиент му пристапуваме индивидуално, нудејќи јасни совети, навремени информации и решенија прилагодени на неговиот бизнис.
Што не прави "Правеко" различни?
Фамилијарни вредности → Професионални резултати
Секој клиент го третираме како дел од нашето семејство.
Тоа значи дека ја чуваме неговата фирма како наша.
Наследна традиција → Долгорочна доверба
Клиентите остануваат со нас со години затоа што знаат дека „Правеко“ е стабилен партнер, не само услуга.
Современ пристап → Јасни совети за раст
Комбинираме искуство, модерни системи и сметководствени стандарди за да им дадеме на претприемачите мир, ред и сигурност во секој финансиски чекор.
Одговорност → Сигурност во секоја бројка
Кај нас нема „па грешки сме луѓе“.
Кај нас има систем, проверка, професионалност и целосна посветеност.
Наши резултати
Бројките зад нашата работа се доказ за довербата што клиентите ни ја даваат со години.
20+
Години искуство
120+
Компании кои ни веруваат
3000+
Годишни долкументи
99%
Навремено исполнети обврски
Нашиот тим
Нашиот тим е составен од професионалци со искуство и заедничка цел – квалитетна и сигурна услуга за нашите клиенти.
Катерина Минова
Основач и управител,
овластен сметководител
Повеќе од 20 години искуство во сметководство, финансиски извештаи и даночно работење.
Билјана Тодоровска
Сметководител
Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.
Емилија Мулер
Сметководител
Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.
Катерина Антова
Сметководител
Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.
Симона Ванчевска
Сметководител
Секојдневна грижа за документација, плати и навремени законски обврски.
Нашиот тим постојано се едуцира и ги следи законските промени.
Нашата мисија, визија и цели
Овие принципи го дефинираат начинот на кој работиме и вредноста што им ја носиме на нашите клиенти.
„Нашата мисија е да обезбедиме точни, навремени и сигурни финансиски услуги за бизнисите и поединците, помагајќи им да се движат низ сложените финансиски пејсажи и да ги постигнат своите цели со доверба“
„Нашата визија е да бидеме препознаени како водечки снабдувач на иновативни финансиски решенија насочени кон клиентите, поставувајќи ги стандардите за извонредност во индустријата и поттикнувајќи одржлив раст за нашите клиенти и нашата фирма“
-Обезбедување точни и навремени услуги за финансиско известување на клиентите. -Одржување усогласеност со сметководствените стандарди и прописи. -Развивање и задржување на тим од квалификувани и познавања професионалци. -Проширување на базата на клиенти и зголемување на приходите преку задоволство на клиентите и упатувања. -Прифаќање на технолошкиот напредок за подобрување на ефикасноста и ефективноста во испораката на услуги. -Придонес за заедницата преку волонтерство, менторство или добротворни иницијативи.